За време на отстранување на стара винова лоза во дворот, Крикс Ализ наишол на врата што изгледала како да е од некое друго време.
Не е реткост луѓето за време на реновирање да откријат скриени тајни на своите домови – од заборавени предмети до неочекувани простории. Копајќи низ старите слоеви на ѕидови, подови или тавани, често наидуваат на предмети од минатото кои раскажуваат приказни, а понекогаш и на цели простории кои биле заклучени или заборавени. Таквите откритија знаат да бидат изненадувачки, но и возбудливи, бидејќи отвораат врата кон минатото.
Ализ, кој редовно објавува видеа за т.н. окултни појави, ја купил куќата откако неговиот татко слушнал разговор за напуштена куќа што се продава во Кордоба. Иако недвижнината била по многу поволна цена, била во многу лоша состојба, па Ализ веднаш започнал со реновирање. Еден ден, додека ја отстранувал густата винова лоза од дворот, открил врата што изгледале како да припаѓаат на некое друго време.
„Беше полускриена, како некој намерно да сакал да остане тајна“, се присетува Ализ, кој ја отворил вратата и открил сцена „замрзната во времето“. Во просторијата имало многу стари предмети – прашливи книги, стари столици, аналогни камери и стар проектор – делови од свет што некој очигледно се обидувал да го скрие, објаснува Ализ.
Иако просторијата сама по себе била доволно морничава, ситуацијата се усложнила кога Ализ открил мал премин што водел директно во дневната соба на куќата. Според него, таму се наоѓал мебел од претходните сопственици, вклучувајќи пијано „кое само почнувало да свири“, тврди тиктокерот кој објавил и наводни видеа од злокобниот инструмент како свири сам.
@crixaliz #misterio ♬ sonido original - Crix Aliz
„На почетокот бев ужаснат, но со текот на времето решив да се соочам со она што се случува и да се обидам да го разберам. Еден ден ставив букви од азбуката на типките на пијаното и ја оставив таа присутност да проговори. И проговори – го состави зборот дневник“, раскажува трагачот по духови.
Љубопитен, Ализ повикал видовита жена која, според него, му помогнала да го пронајде дневникот што ѝ припаѓал на жена по име Аделина, по што започнал да ја истражува нејзината трагична приказна. „Аделина била жена што поминала низ голема болка. Со помош на медиум почнавме да сфаќаме дека таа сакала да го пронајдеме нејзиниот дневник и да се дознае нејзината приказна“, раскажува тиктокерот.
Според неговите зборови, жената била наводно заклучена во собата од својот сопруг откако открил дека таа очекува дете со својот учител по пијано. „Тој ја изолирал од светот. Сè што таа сакала било правда – да биде сослушана и конечно да престане да биде заробена“, објаснува Ализ.
Во надеж дека ќе стави крај на тажната сага, самопрогласениот шепкач на духови заминал на гробиштата каде што, според записите оставени во собата, била погребана Аделина. Ализ тврди дека успеал да ѝ даде на Аделина потребен спокој. Според него, откако ја завршил својата истрага, повеќе немало доцновечерни звуци од пијаното, а куќата сега зрачи со мир.