Епска филмска вечер во 8К - Зошто треба да ја гледате новата серија „Господар на прстените“?

Точка

07/02/2023

11:07

8.478

Големина на фонт

а а а

„Господарот на прстените“ отсекогаш бил безвременски класик: легендарната приказна за патувањето на малите хобити и битката пред Хелмс Дип несомнено е омилена кај сите генерации. А за импактот врз поп-културата не мора ни да зборуваме.

Затоа и не треба да чуди големата прашина која се крена по објавувањето на првата сезона од сериската адаптација на „Господарот на прстените: Прстенот на моќта“. Се верува дека тоа е серијата во која досега се вложени најмногу финансиски средства, а за првата сезона наводно биле потрошени вртоглави 465 милиони долари. Првите впечатоци само што доаѓаат откако првата епизода беше прикажана на 2 септември оваа година, а продолженијата со нетрпение се очекуваат од недела во недела.


Серијата може да се гледа исклучиво преку сервисот за стриминг Amazon Prime Video, а токму оваа привилегија ја имаат сите сопственици на моќните Samsung Neo QLED 8K телевизори, а за задоволството да биде уште поголемо , љубителите на Џ.Р.Р. Толкин новата серија може да се гледа преку Prime Video во неверојатна 8K резолуција, што го прави епското искуство на „Господарот на прстените“ визуелно побогато од кога било. Корисниците на Samsung со ексклузивно право на дополнителна содржина имаат посебна придобивка. Еве зошто треба да го гледате новиот Господар на прстените во Neo QLED 8K резолуција:

Приказна која совршено ги надополнува филмовите

Дејствието на серијата е сместено во втората ера на Толкин, односно неколку илјади години пред авантурите што ги знаеме од романите за Хобитите и трилогијата „Господар на прстените“. Имено, станува збор за ерата кога Саурон го создава моќниот прстен, па доколку сакате да ги дознаете околностите како настанал самиот прстен и што се случило во тој клучен момент, не смеете да го пропуштите овој серијал. Ќе можете совршено да го доживеете ова епско дејство на екранот на вашите Neo QLED 8K телевизори благодарение на технологијата Object Tracking Sound Pro, која следи како звукот се движи низ серијата и ја прилагодува неговата насока за да можете да го слушнете секој детал од секој агол на телевизорот. Плус, ако имате Samsung Soundbar со него, можете да ја активирате и технологијата Q-Simphony, која го синхронизира неговото работење со телевизорот за уште подобро звучно искуство.


Голем број на раси се враќаат

Не треба да изненадува што „Господарот на прстените“ може да се нарече најочекуваната серија од сите љубители на епската фантазија, особено кога ќе слушнеме кои сè ликови ќе се појават во неа. Затоа, можеме да очекуваме враќање на магијата на вилите, агилноста на џуџињата, снаодливите луѓе и еден од трите типа на предци на Хобитите - расата Харфут. Вилите се познати по својата убавина, па затоа можете да уживате во секој нивен детал со помош на технологијата Quantum Matrix Pro на телевизорите Samsung Neo QLED 8K за префинет контраст. Имено, оваа функција носи значително намалување на пенетрацијата на позадинското осветлување околу објектите на сликата, т.н. blooming, благодарение на иновативните минијатурни Quantum Mini LED светла кои прецизно ја контролираат светлината за да ги подобрат длабоките црни тонови. Погледнете ги осветлените тронови на царствата на луѓето и џуџињата во прекрасен амбиент благодарение на технологијата Quantum HDR 64k која ги доловува најдобрите детали во светли и темни области за да го прикаже вистинскиот квалитет на сликата HDR 10+ токму онака како што замислил режисерот.


Феноменални пејзажи

Се сеќавате на прекрасните кадри од далеку, погледите од птичја перспектива и панорамите на светот на „Господарот на прстените“ од филмовите? Тоа нема да изостане ниту во серијата, а споменатиот буџет од 465 милиони долари секако дава голема најава за нивната магија токму за нас гледачите. Во такви ситуации најдобро се чувствува кристалниот квалитет на резолуцијата 8K, каде технологијата на прикажување на телевизорот Samsung Neo QLED 8K е добитник и на наградата на познатиот техно саем CES 2022. Без разлика дали се работи за неверојатните глетки на Казахт Дума, прекрасната шума на главниот град на вилите Линдон или прекрасното островско кралство Нуменор, обожавателите можат да го доживеат Второто доба на Средната Земја на најдобар можен начин благодарение на острата 8K слика напојувана со технологијата за зголемување на резолуцијата со вештачка интелигенција и музиката во позадина за комплетен аудио-визуелен рај подобрен со технологијата Dolby Atmos и SpaceFit Sound.


Доживејте епско патување достојно за познатите филмови на Господарот на прстените, исполнето со генерациски приказни, сцени и акција што секогаш ве тера нетрпеливо да го чекате следното продолжение. За да уживате во сето ова - тука е Samsung Neo QLED 2022. Всушност, сега е идеална можност за сите љубители на епската фантазија, бидејќи Samsung подготви одлична промоција за Neo QLED телевизорите.

Со купување на било кој од моделите на Neo QLED, добивате 5 години гаранција за продолжено и загарантирано чувство на безгрижност. Промоцијата трае од 23.09. до 31.12.2022. година. За остварување на правото на гаранција, потребно е да се регистрирате на samsung5godinigarancija.mk. За повеќе информации за промоцијата и енергетските ознаки на поединечните модели, посетете ја samsung.mk.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг