(Видео) Ким Кардашијан пристигнала на ревијата во Милано – го ископирала изгледот на Мерлин Монро

Точка

24/09/2022

22:15

13.138

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан присуствува на Модната недела во Милано, а за оваа прилика решила да го имитира изгледот на Мерлин Монро.

Имено, Кардашијан денеска ја носи колекцијата на добро познатиот бренд Dolce & Gabbana за пролет/лето 2023 година. На својот Инстаграм профил објави неколку кадри кои ја најавуваат оваа модна ревија.

За што повеќе да наликува на познатата актерка, таа носела руса перика и тесен црн фустан кој го истакна нејзиното деколте. На другата снимка, таа носи фустан покриен со светки и ракавици.

Инаку, Ким ѝ оддаде почит на Мерлин на почетокот на оваа година. На Мет Гала, која се одржа во мај, таа се појави во фустан кој актерката го носеше додека пееше на роденденската прослава на Џон Кенеди.

Сепак, реакциите не беа позитивни. Голем број луѓе ја обвинија дека трајно го оштетила иконскиот фустан. Наводно ткаенината била растегнато, а од неа паднале неколку кристали. Ким ги негираше овие наводи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг