(Видео) Нутела торта со пишкоти и бело чоколадо: Изгледа како од најубавите слаткарници, а се подготвува многу лесно

Точка

02/09/2022

15:53

15.883

Големина на фонт

а а а

Доколку ви се ближи важен датум како роденден, годишнина, слава... ви предлагаме идеја за вкусен десерт со пишкоти.

Оваа торта изгледа како од најубавите слаткарници, а е многу едноставна за подготовка. Има два вида фил, а помеѓу секој се мачка слој Нутела.

Потребни состојки:

- 250 гр. пишкоти
- 150 мл. млеко

За фил:

- 500 мл. слатка павлака
- 100 гр. шеќер во прав
- 500 гр. маскарпоне
- 80 гр. бело чоколадо
- 150 гр. Нутела

За декорација:

- 60 гр. црно чоколадо

Начин на подготовка:

Во долг и тесен калап наредете ги на дното пишкотите кои прво ќе ги потопите во млеко. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав. Додајте го маскарпонето, па продолжете да матете.

Поделете ја смесата на 2 дела и во едниот дел додајте ја Нутелата (100 гр.), а во другиот истопеното бело чоколадо.

Тортата правете ја по следниот редослед: пишкоти, бел фил, Нутела, црн фил, Нутела, бел фил, Нутела, па на крај ставете ги пишкотите.

Прекријте со проѕирна фолија и оставете ја 2 часа во фрижидер да се стегне.

Декорирајте со 60 гр. стопено црно чоколадо.