[ФОТО] Јелена станала да аплаудира, па камерите успеале да го фотографираат накитот на рацете кој чини колку стан во Скопје: Целата накитена, ја нарекоа „кралицата во злато“
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз играат во четвртфиналето на Австралија Опен, но додека водат жестока битка за пласман во полуфиналето на првиот Грен слем сезонава, многумина набљудуваат што се случува на трибините, т.е. во ложата на актерите на теренот. Секако, во центарот на вниманието секогаш е сопругата на српскиот тенисер, Јелена Ѓоковиќ, како и нивните наследници Стефан и Тара.
Откако веќе се доволно возрасни за редовно да ги следат натпреварите на нивниот татко Новак Ѓоковиќ, Стефан и Тара станаа миленици на тениската публика. Јелена Ѓоковиќ е на трибините речиси цела кариера на Новак, па децата понекогаш ја „фрлаат во втор план“. Сепак, денес таа е таа која измамува погледи, предизвикува реакции и поттикнува коментари, а сето тоа откако многумина брзо го забележаа накитот на нејзините раце, па на мрежите ја нарекоа „кралица во злато“.
Рацете на сопругата на Новак „вреска“ скапо, а нејзиниот златен часовник и алките веднаш станаа тема број два на овој важен меч (тема број еден, секако, е резултатот што ќе го постигнат тенисерите). Сепак, Јелена се заканува дека целосно ќе го „украде шоуто“ со нејзините аксесоари.
Novak Djokovic's family in attendance. ❤️ pic.twitter.com/rCpRKSv37g
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 21, 2025
Дефинитивно има вкус и стил, па успеа успешно да го искомбинира златниот накит со кафена маица и бело палто, за сè да изгледа отмено и дамски и да спречи тоа да биде кич, што многумина го прават кога ќе почнат да „китат злато на себе“.
Отмено и скапо
Инаку, нејзината десна рака ја краси луксузниот часовник „Audemars Piguet“, кој во просек чини околу 50 илјади евра, додека на левата блеска со алки од „Cartier“, чија цена се движи меѓу пет и 25 илјади евра. Тука се и скапоцените обетки од 18 каратно злато, кои чинат над 5.000 евра, како и златните прстени, како би бил комплетиран нејзиниот „дамски изглед“.