Најдоброто овошје за чистење и здравје на дебелото црево: Идеално за лица кои страдаат од улцеративен колитис и други проблеми со дигестијата

Точка

25/01/2025

17:00

2.911

Големина на фонт

а а а

Дебелото црево (intestinum crassum) е од системот за варење кој се надоврзува на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од тенкото, има поголем пречник. Се диференцира на 3 дела: Слепо црево (coecum) со црвовиден израсток (appendix vermiformis), Колон (Colon), Право црево (Rectum), со кое и завршува дигестивниот систем. Неговото чистење е особено важно за организмот, а постои овошје кое помага во тоа.

Чистењето на дебелото црево е идеално за луѓе кои страдаат од улцеративен колитис, синдром на иритабилно дебело црево, дивертикули и други интестинални проблеми.

Важноста на грижата за дебелото црево

 Главната функција на дебелото црево е да извлекува вода, да складира отпад, да одржува рамнотежна на хидратацијата и да апсорбира витамини.


Симптомите на заболувања на дебелото црево вклучуваат дигестивни нарушувања како што се запек или дијареја, абдоминална болка и подуеност, како и присуство на крв во столицата, што е речиси сигурно најзабележливиот симптом.

Главниот тест за откривање на рак на дебелото црево е колоноскопија, која овозможува директен увид во внатрешноста на органот. Со оглед на ваквата ситуација, истражувањето на „New York Times International Weekly“ идентификува голем број овошја кои се добри за чистење на овој орган, а јаболката се издвојуваaт над сите други видови овошје.


Придобивките од јаболката за чистење на дебелото црево

Го намалува воспалението на дигестивната слузница – Пектинот од јаболката го намалува воспалението во дигестивната слузница. Идеални се за случаи на колитис, синдром на иритабилно дебело црево, дивертикули и други интестинални проблеми.


Ја штити цревната флора – Благодарение на ова, го инхибира развојот на патогени бактерии во цревата.

Штити од кардиоваскуларни болести – Пектинот е вид на растворливи влакна кои ја намалуваат апсорпцијата на мастите од храната, како холестеролот и триглицеридите.


Поттикнува губење на тежината – Јаболката се многу нискокалорични, а исто така се богати со влакна и вода. Ова помага да се зголеми чувството на ситост подолг временски период, со што се намалува апетитот.

Помагаат за регулирање на крвниот притисок – Богати се со калиум, минерал кој го олеснува исфрлањето на вишокот натриум од телото преку урината, а со тоа придонесува за рамнотежа на крвниот притисок.