Удирање, викање, истурање алкохол – чист бес: Откриено што се случило во авионот пред разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли

Точка

17/08/2022

21:00

9.126

Големина на фонт

а а а

Кога дознавме дека Бред и Анџелина се разведуваат, многумина тврдеа дека капката која ја прелила чашата е инцидентот којшто се случил во авионот на кој присуствувале и нивните деца.

Кога во септември 2016 година беше објавено дека актерите Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат, светот беше во шок.

Родителите на шест деца отсекогаш даваа впечаток на складен пар и делуваа заљубено до уши, а од почетокот важат за пример на вистинска љубов во Холивуд.


Меѓутоа, набрзо станало јасно дека проблемите во нивниот брак станале поголеми со текот на времето, а испливале и фотографии од еден забавен парк на кои се гледа како Бред и Анџелина се расправаат.

Најголемиот скандал којшто се појавил беше тој кога беше откриено дека непосредно пред разделбата дошло до инцидент во авионот на некое семејно патување, а никогаш не било до крај објаснето што се случило во таа прилика.

Се шпекулирало дека Бред бил насилен, дека имал некој вид конфликт со сопругата и нивниот најстар син Медокс, а набрзо потоа Анџелина го обвинила актерот за употреба на наркотици и алкохолизам.

Тој поради тоа одредено време морал да биде тестиран на дрога секојпат кога требал да се види со децата, а одел и на одвикнување од алкохол.

Сега, шест години подоцна се појавиле деталите за спорниот лет


Имено, пред неколку месеци било откриено дека во ФБИ била започната истрага против Бред, а се појавиле и документи во кои се гледа дека зад сето тоа стои неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли и дека тие се однесуваат на споменатиот настан во авионот.

Како што пишува „Variety“, Анџелина на ФБИ агентот му рекла дека Пит „физички и вербално ја нападнал“ неа, но и на нивните деца во текот на патувањето. Таа тврди дека актерот ја однел во тоалет ја зграбил за главата и ја „залепил“ за ѕидот, па цело време со раката удирал на плафонот и викал: „Ти го уништуваш ова семејство“.

Во текот на истиот лет, како што навела Анџелина, дошло до инцидент кога таа се здобила со повеќе повреди, вклучувајќи и една во пределот на лактот.

Како што истакнала, Пит во тој момент пиел алкохол, а одеднаш ја полил со пиво и истурил вино врз неа.


Сето тоа го виделе нивните деца кои во тој момент биле стари меѓу осум и петнаесет години, а откако едно од нив го навредило татко им, Пит „изгледал како да ќе го нападне“ поради што Анџелина застанала меѓу нив, а тој ја фатил за врат и ја турнал на седиштето.

Откако авионот слетал, вкупната штета во него изнесувала 25.000 долари.

Џоли навела дека актерот се однесувал нереално и дека ја исплашил толку многу што се чувствувала како негов заложник. Откако допатувале, таа им предложила на децата да одат во хотел, на што Пит рекол „Нема да ги однесеш моите *бени деца“.


Според зборовите на портпаролката на ФБИ Лора Ајмилер во 2016 година било одлучено дека нема да има понатамошна истрага и обвиненија против Пит, по што Анџелина анонимно поднела тужба врз основа на Законот за слобода на информации против ФБИ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг