Братот на Анџелина Џоли објави дека е геј: „Се надевам дека моето семејство ќе избере љубов“

Точка

07/08/2026

08:50

1.044

Големина на фонт

а а а

Џејмс Хејвен, братот на Анџелина Џоли и син на Џон Војт, јавно се изјасни како геј. Тој го стори тоа за време на пренос во живо со неговата поранешна сопруга Роми Мари Имбели, со која останаа блиски по нивниот развод. Хејвен прочита писмо за неговата сексуалност на нејзиниот канал „Substack“.

„Јас сум геј. Како момче, ги обожавав Дизниевите принцези. Тајно ставав светки на образите и маскара на трепките и во тие моменти се чувствував магично“, рече 53-годишниот Хејвен.


Тој објасни дека тогаш не знаел како да опише зошто тоа го терало да се чувствува повеќе како себеси. „Никогаш не станувало збор за преправање дека сум некој друг. Станувало збор за тоа да дозволам дел од мене што секогаш бил таму да дојде до израз“, рече Хејвен, кој глумеше со својата сестра во филмовите „Gia“ и „Original Sin“.


„Почнав да се прашувам дали треба да го кријам тој дел од себе за да бидам прифатен од „нормалните“ момчиња околу мене. Како и многу други геј деца, научив да ги преиспитувам деловите од себе долго пред да научам да ги прифаќам. „Признавањето“ (coming out) не значи да станеш некој друг, туку да им дозволиш на другите да ја запознаат личноста што си бил цело време. Се надевам дека моето семејство и другите ќе ја изберат љубовта наместо стравот, разбирањето наместо осудувањето и поврзаноста пред верувањата што можеби нè разделувале“.


Бракот завршил по 15 дена

Џејмс и Роми беа пријатели 23 години пред да се венчаат на интимна церемонија во Лагуна Бич, Калифорнија, во 2024 година. Шминкерот поднесе барање за поништување на бракот само 15 дена подоцна. Неговата сестра Анџелина не присуствуваше на свадбата.

Во заедничко писмо, тие напишаа дека оваа приказна никогаш не била само на Џејмс, туку нивна. „Не сум тука да присилувам некого што го сакам јавно да се изјасни. Тука сум некому да му помогнам да се ослободи. Тоа е разликата. За возврат, тој ме ослободи мене“, се вели во писмото.


Во писмото се повикува на сочувство додека Хејвен „учи да живее отворено и со крената глава, исто како што Бог го создал“. Роми Мари Имбели заклучува велејќи: „Љубовта не секогаш се вклопува во рамките за кои нè учеле. Понекогаш се менува. Понекогаш добива поинаква форма. Понекогаш од нас бара да се откажеме од она што сме го замислувале за да ја прифатиме вистината. Секогаш ќе го сакам. Само не како сопруг, туку како член на семејството, најдобар пријател и една од најголемите љубови во мојот живот“.