Појавувањето на актерката Ана Фарис на премиерата на филмот „Spa Weekend“ во Лас Вегас предизвика загриженост и расправа на социјалните мрежи. Во центарот на вниманието се најде нејзиното однесување за време на интервјуто на црвениот тепих.
Додека 49-годишната актерка одговарала на прашање за родителството, некои корисници почнале да се прашуваат дали сè е во ред со неа. „Дали е добро?“, прашал еден корисник, додека друг под снимката напишал: „Што ѝ е со однесувањето? Нешто не е во ред“. Многумина ги коментирале и нејзините очи, наведувајќи дека изгледаат црвени и „крвави“.
Многумина застанаа во нејзина одбрана
Сепак, многу корисници застанаа во нејзина одбрана, сметајќи дека критиките се претерани. „Мислам дека денешните стандарди за убавина толку многу ни се наметнати што веднаш креваме паника штом ќе видиме жена која природно старее“, гласел еден коментар.
Друг корисник напишал: „Да, очите ѝ се малку црвени од умор, пијалак или некаква возбуда, но тоа што го зборува е целосно јасно, нели?“.

Дел од обожавателите токму тоа го пофалиле – што Фарис, според нивното мислење, природно старее. Една корисничка напишала дека актерката изгледа „прекрасно“ и тврдела дека нема „ботокс, филери ниту пластични операции“. Во сличен тон се ределе и други коментари, како „100% природна, 0% ботокс“ и „Ми се допаѓа што природно старее“.












