Пресврт од 180 степени: Потврдено дали Болдвин го повлекол чкрапалото и ја усмртил снимателката на сетот од филмот „Rust“

Точка

14/08/2022

14:44

14.908

Големина на фонт

а а а

Со ФБИ истрагата потврдено е дека Алекс Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот со којшто ја усмрти снимателката на сетот од снимањето на филмот „Rust“, и покрај тоа што актерот во повеќе наврати изјави дека не го направил тоа.

Алек Болдвин (64) ненамерно ја усмрти Халина Хачинс (42) на снимањето во октомври 2021 година и го повреди режисерот Џоел Соуз. Трагедијата се случи на ранчот во Санта Фе.

Болдвин упорно го негираше фактот дека го повлекол чкрапалото од пиштолот којшто требаше да биде реквизит на снимањето, но во новиот извештај било заклучено дека не би можело куршумот да биде испукан, доколку чкрапалото не било повлечено, пренесува „Daily Mail“.


Тоа значи дека против актерот би можела да биде отпочната кривична пријава за инцидентот, а одделението на шерифот на Санта Фе потврдило дека случајот ќе биде проследен во обвинителство.

Надлежните вчера соопштиле дека ги чекаат телефонските записи од актерот, а обвинителот работел со полицијата и адвокатот на Болдвин во откривање на тие докази. Записите ќе ги прегледаат детективи, а списокот со предмети потоа ќе биде испратен до обвинителот за да се утврди дали ќе биде отпочнато обвинението.

Форензичкиот извештај на ФБИ ги испитувал сите области од фаталната несреќа во рамките на пошироката истрага за да се докаже дали има докази за кривична пријава.


Обвинителката од Санта Фе, Мери Кармак Алтвиз за „Vanity Fair“ во декември минатата година изјавила дека го гледала интервјуто на Болдвин за „ABC“ и истакнала дека смета дека актерот не го повлекол чкрапалото.

Потоа Кармак Алтвиз замолила еден од своите истражувачи да ги донесе неговите работи од револверот во нејзината канцеларија за да провери дали механичка грешка би можела да предизвика пукање од пиштолот. По тестот, двајцата истражители го прегледале пиштолот за да потврдат дека не е наполнет. Тестот покажал дека тоа можело да се случи, но официјалните резултати од ФБИ истрагата и натаму се чекале, а сега се и објавени.

Направено било тестирање на оружјето, но не било прецизирано дали тестот бил спроведен на пиштолот од снимањето или на негова реплика.

ФБИ истрагата би можела да доведе до кривична пријава против актерот и другите вмешани во случајот, а полицијата сè уште ја истражува смртта на снимателката.


Резултатите од ФБИ истрагата веднаш биле проследени во Канцеларијата на медицинскиот истражувач во Ново Мексико кои потоа ги проследила канцеларијата на шерифот.

Шерифот од округот Санта Фе, Адан Мендоза изјавил дека кривични пријави не можат да се исклучат.

„Имало неорганизираност и одреден степен немир на сетот, дали тоа ќе достигне криминално ниво, тоа зависи од обвинителите“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг