Дали „лудиот“ Маск е најголемата причина зошто луѓето купуваат Тесла автомобили?

Точка

10/08/2022

14:08

24.485

Големина на фонт

а а а

Дали можете да се сетите на име на некој директор, шеф или сопственик на автомобилска компанија?

На тоа прашања веројатно 99 отсто од луѓето ќе одговорат – Илон Маск. Ниту еден човек во историјата не бил во таа мера персонализација на некоја автомобилска компанија, нејзино лице и синоним, како харизматичниот Американец којшто прилично успешно се занимава со сè.

Маск е сеприсутен и подготвен на сè за тоа да остане така. Тој е една од најголемите светски ѕвезди на социјалните мрежи кој не бира начини како себеси и својата компанија да ги стави во прв план.


Дали можете да го замислите Кристијан Меуниер од Џип како игра на сцената по повод отворање нова фабрика или пак Флоријан Хуетл од Опел како пуши марихуана во текот на интервјуто на поткастот, како некој директор на автомобилски бренд на Твитер објавува дека акциите на Шкода имаат превисока цена?

Тешко, поради тоа што веројатно не знаете дека такви луѓе воопшто не постојат. Но, за Маск многу добро знаете, меѓу другото затоа што сè од горенаведеното го направил и подготвен е да направи уште повеќе.

Маск е синоним за Тесла и електричните автомобили и многу од луѓето го обожаваат, во него гледаат како во идол.

Меѓутоа, како што тоа е вообичаено со големите ѕвезди, Маск многу од луѓето не можат да го поднесат. Наводно меѓу нив се и голем дел од вработените во Тесла.

Во своите испади Маск често е агресивен, навредлив, а понекогаш и многу неодговорен, но често е и многу забавен, храбар, ѝ пркоси на конвенцијата и делува многу, многу паметно.


Нема сомнеж дека неговото лице и дело се најголемата реклама и најголема антиреклама за Тесла. Многумина овој автомобил го бираат токму поради тоа што веруваат во Маск. Други не би го купиле ниту да е единствениот на светот затоа што не веруваат во Маск.

Компанијата првенствено е толку успешна поради Маск. Не, не ја занемаруваме работата на илјадници генијални инженери кои стојат зад моделите на Тесла, но без Маск успехот не би бил ист.

Истото би се случило и доколку еден ден катастрофално пропаднат. Никој не би ги обвинил малите „ѕверки“, па дури ниту автомобилите. Виновникот број еден би бил – Маск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг