(Видео) Во Кина можат легално да возат автомобили без возач, а еве како изгледа тоа

Точка

09/08/2022

21:30

28.651

Големина на фонт

а а а

Во Кина за прв пат е дозволено автономни возила без возач да се вклучат во сообраќајот.

Иако веќе низа прототипови без возач успешно ги положиле првите испити на јавните сообраќајници, овој пример досега е најблизок до тоа што не очекува во иднината. "Deeproute.ai" објавил видео од тест возење, на кое прототип на автономно возило успешно ги совладува сите предизвици на возење без вклучен возач.

На 22,5 километри долгата пробна рута во деловната зона на кинескиот град Шенжен, прототип опремен со состав за автономно возење ги совладал сите предизвици на сообраќајниот метеж. Потсетуваме, Шенжен со 17,5 милиони жители е четвртиот најголем град во Кина, а посебно избраната зона автономното возило ја минало за околу еден час без најмала грешка.

Со тоа е направен првиот легален тест на возило без возач во Кина, што овозможила новата законска регулатива усвоена на 6-ти јули во Шенжен. Видеото прикажува како автономниот состав се снаоѓа во тешки ситуации кога автомобилите често ги менуваат лентите за возење, возилата минуваат на црвено светло, а пешаците се движат во близина на улиците. Бројни ситуации би биле фрустрирачки и за просечен возач, со кој знае какви последици и реакции, додека автономниот состав сите предизвици на крајот ги одработил смирено избегнувајќи прекршоци.

Тест возилото е "MG Marvel Р", кое е опремено со пет лидари, осум камери и сензори, но основната разлика ја прави алгоритмот кој на прикажаниот тест совршено го предвидувал движењето на останатите учесници во сообраќајот и го прилагодувал движењето на сопственото возило.


"DeepRoute.ai" составот "Driver 2.0" ќе го нуди по цена од 3.000 долари за произведувачи кои ќе се одлучат за примена на сериски автомобили и "роботакси" возила. Составот е подготвен за широка примена, а во продажба ќе дојде до 2025-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг