Дали би го облекле? Најпопуларниот фустан меѓу познатите девојки е врвот на модната дрскост

Точка

09/08/2022

13:18

10.249

Големина на фонт

а а а

Кога ќе го слушнете името Жан Пол Готје, скандал и провокации – се подразбираат.

Т.н. „гол фустан“ на Жан Пол Готје бележи пораст во пребарувањето на Гугл на интернет од дури 430 отсто.

Лудо смелиот модел којшто го краси принт од илустрација од голо женско тело е дело на славниот дизајнер и популарната стилистка и модна муза Лота Волкова, и тој е сè тоа што се очекува од притисокот на андерграунд сцената, чија некрунисана кралица е Лота.

Тој е провокативен, дрзок, впечатлив, целосно свеж, го привлекува вниманието на себе и не било потребно многу време да помине за да се појави речиси на сечиј Инстаграм фид.

Станува збор за илузија која Жан Пол Готје ја прикажал на својата ревија за пролет/лето во 1984 година, а тогаш си поиграл со перцепцијата и сите ги шокирал, ставајќи ја во прв план сензуалноста на женската силуета.

Несекојдневниот мотив претходно бил изработуван од друг материјал, а сега Лота осмислила да премине на нешто друго за да ја привлече целната група.

Исто така, скандалозниот принт повеќе не е само на фустаните туку може да се најде и на маици и бикини, а нив ги обожаваат најпопуларните трендсетерки на денешницата како Кајли Џенер и Кјара Ферани, додека на нашите простори еден таков модел можевме да видиме на Јелена Карлеуша.

 

Лота Волкова е вистинско освежување кое било потребно во новата „капсула колекција“ на Готје, а заедно ги реинтерпретирале модните парчиња кои се важен дел од модната историја и им дале целосно нов живот.

Што мислите вие?




Спонзорирани линкови

Маркетинг