Бебе стана хит на Твитер поради сличноста со Вуди Харелсон, се огласи и актерот: „Би сакал да ја имам твојата коса“

Точка

06/08/2022

18:04

15.968

Големина на фонт

а а а

Една мајка на Твитер објавила фотографија од својата ќерка и на шега ја споредила со Вуди Харелсон, а објавата стигнала до самиот актер кој, воодушевен од нивната сличност, ѝ напишал песна.

Младата мајка која секојдневно на социјалните мрежи објавува фотографии од својата ќерка Кора, на една фотографија забележала дека нејзиното девојче наликува на славниот актер.

„Океј, но како нашата ќерка изгледа како Вуди Харелсон?“, напишала таа на Твитер.

Откако ја видел нејзината објава, актерот открил дека е поласкан од ваквата споредба. Тој ја споделил фотографијата на својот Инстаграм профил, а под истата ѝ посветил кратка песна на Кора.

„Ода за Кора. Ти си прекрасно дете. Поласкан сум поради оваа споредба. Имаш прекрасна насмевка. Само би сакал да ја имам твојата коса“, напишал Вуди во описот, а неговата објава ѝ се допаднала и на мајката на Кора.

„Нѝ го разубави денот, едвај чекам да ѝ го покажам ова кога ќе биде постара, имаш уште еден обожавател за цел живот“, му одговорила таа на Харелсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг