Се запалил уште еден електричен "Jaguar"

Точка

03/08/2022

22:45

26.375

Големина на фонт

а а а

Ова е четврти пожар на паркиран "Jaguar I-Pace".

Уште еден електричен "Jaguar" се запалил, овој пат на Флорида. На пожарот притоа не му претходела сообраќајна несреќа, туку автомобилот бил паркиран во гаража. Тоа е првиот и единствен електричен "Jaguar" претставен во 2018-та година, а од тогаш е само минимално унапреден.

Конкретниот примерок Гонзало Салазар го купил во 2020-та година, а без никакви проблеми го возел се до јуни оваа година. Автомобилот го ставил да се полни ноќта на 16-ти јуни, а ден подоцна, по будењето, го исклучил од полначот. Минал 15-тина километри и го паркирал во гаража. Кратко потоа слушнал искрење. Враќајќи се во гаражата, видел дека возилото чади, па веднаш одлучил да го извлече од гаражата.


Осигурителната компанија по истрага прогласило целосна штета, додека во "Jaguar" останале резервирани, велејќи дека немаат сигурна локација на која би ги провериле остатоците од возилото и сами би ја процениле штетата и причината за несреќата.

Со оглед на тоа дека овие автомобили ги нема многу на патиштата, овој случај разбудил сомнеж во исправноста на автомобилот. "Electrek" потсетува дека "Jaguar" користи "LG Chem" батерија, како и моделите "Bolt" (GM) и "Kona" (Hyundai), кои биле повлечени токму поради можност за пожари.


Сепак, статистичките податоците велат дека на електричните автомобили пожарите не се ништо почести отколку оние на погон на фосилни горива, нагласува "Electrek".

"Jaguar" не се огласил за случајот, а остатоците во меѓувреме се појавиле на отпад.

Видеото од пожарот можете да го погледнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг