На врвот на кариерата почна да пие и доживеа нервен слом, а потоа исчезна: Беше секс симбол, а еве како изгледа денес

Точка

02/07/2022

22:07

15.290

Големина на фонт

а а а

Ким Вајлд некогаш беше голема музичка ѕвезда, а беше и секс симбол.

Успех доживеа веќе со првиот албум во далечната 1981-ва година, а нејзиниот хит „Kids in America“ се најде на второто место на сите плеј листи во Англија.

За време на осумдесеттите и деведесеттите години доби повеќе од 10 награди за најдобра пејачка во Англија, Германија, Холандија и Шведска.

Ким Вајлд сега е во седмата деценија и долго се занимава со градинарство, а како што кажа во една прилика, тоа ѝ помогнало да закрепне по нервниот слом што го доживеа на врвот на кариерата.

Можеби и најбизарното нешто што е поврзано со неа е тоа што раскажа дека на небото видела вонземјани кога почина Мајкл Џексон. Како што рече, тогаш се почувствувала поврзана со универзумот.

„Бев во градината со пријателите еден ден откако почина Мајкл Џексон и видовме две сини светла на небото. Беа околу 20 пати поголеми од авион. Лебдеа, а потоа се движеа цик-цак околу 10 минути. Се појави тоа во локалните медиуми и ние не бевме единствените луѓе кои го видеа тоа. Тоа ми го промени животот. Се почувствував поврзано со универзумот и навистина ме инспирираше, ми влеа надеж. Мислам дека тоа е исто како кога некој ќе каже дека го видел Бог“, раскажа во една прилика.

Ким во 2012 година во метро ги шокирала патниците. Кога влегла во вагонот, не ја препознале, но откако нејзиниот брат ја извадил гитарата, а таа во алкохолизирана состојба почнала да пее, сфатиле дека се работи за неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг