Не помага само јогуртот против изгореници од сонце: 3 намирници од кујната кои делуваат подобро

Точка

27/06/2022

18:45

23.549

Големина на фонт

а а а

Летото конечно е тука и време е за уживање на плажа, но дури и со заштита, премногу време поминато на јако сонце може да предизвика изгореници.

За среќа, на располагање имаме многу производи дома кои можат да се користат против чешање и лупење на кожата кои се јавуваат како резултат на оштетување на кожата од сонцето.

Изгорениците од сонцето всушност предизвикуваат воспаление на кожата, а еден од најлесните начини за лекување на воспаление е ладење на погоденото подрачје со ладна вода.

Значи, скокањето во ладна вода е ефикасен начин веднаш да си помогнете, а нуркањето исто така може да спречи влошување на изгорениците.

Сепак, бидете внимателни со ладењето во базен поради тоа што водата со хлор може повеќе да ја иритира кожата, може да нанесе повеќе штета поради тоа што кожата во тој период е почувствителна.

Сода бикарбона и овесна каша


Ставете неколку лажици сода бикарбона во кадата полна со ладна вода и потопувањето околу 15 до 20 минути помага во намалувањето на оштетената кожа од сонцето, а додавањето на шолја овес во кадата исто така ја смирува иритацијата и ѝ помага на кожата да ја задржи својата природна влага.

Алое вера


Доколку во домот немате алое вера, набавете ја поради тоа што гелот од таа билка со векови помага при многу состојби и болести – од стомачни тегоби до инфекции на бубрезите. Алоето исто така е лек за изгореници, па доколку не можете да најдете алое вера тогаш купете си 100-отстотен гел од алое.

Чај од камилица


Чајот од камилица го смирува умот, но може да ја смири и кожата која е изгорена од сонцето. Сварете јак чај од камилица, па оставете да се излади. Кога сте подготвени, намокрете крпа со чајот, па ставете ја на зафатеното подрачје на телото. Доколку сте алергични на полен, не треба да го користите овој третман поради тоа што може да предизвика алергиска реакција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг