Констракта има двојничка: За неверојатната сличност зборува цел Балкан – можеби сме во некакво сродство...

Точка

24/05/2022

14:36

7.510

Големина на фонт

а а а

Двојничката на Констракта негува автентичен стил, а во својата неодамна модна комбинација ја вклучила и бојата која ќе биде хит за лето 2022.

Покрај тоа што Ана Ѓуриќ – Констракта успеа да ја промени историјата на Евровизија, нејзиниот единствен стил и уметнички израз на лицето дојдоа како вистинско освежување на балканската јавна сцена.

Популарноста којашто ја стекна доведе до тоа да се открие нејзината двојничка која е по потекло од Словенија и поседува слични карактеристики како и Ана.

Станува збор за Јерца Леган Цвикл, сестрана јавна личност во Словенија. Јерца покрај тоа што е антрополог и доктор на науки, се занимава и со новинарство и публицистика.

За нејзината сличност со Констракта зборува цел Балкан, а таа сама ја забележала сличноста. Дури и во една од објавите на Инстаграм напишала: „Констракта, можеби сме во некакво сродство“.

Тие две имаат и бенка на истата страна од лицето, што е неверојатно, но тоа што привлекува најголемо внимание е нејзиниот ексцентричен и авангарден стил на облекување.

Покрај тоа што не се плаши од шишките, кои иако се тренд често се наоѓаат и на мета на критики, Јерца ниту во моден аспект не бега од необичните кроеви и дезени кои ја истакнуваат нејзината автентичност.

А, колку воедно го негува својот стил и во чекор ги следи трендовите, најдобро покажува еден од нејзините последни стајлинзи.

Имено, пред неколку денови двојничката на Констракта се појавила во зелен комплет.

Зелената боја веќе неколку сезони не се симнува од модниот трон. Таман кога ќе помислите дека повеќе не е во тренд, се појавува некоја нова нијанса од истата која ги освојува жените во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг