Фото: Ова е најмоќниот и најскап „Cadillac“ во историјата

Точка

14/05/2022

17:02

32.952

Големина на фонт

а а а

Автомобилот нуди врвен луксуз и удобност на дневна соба, а забрзува како млазен авион.

„Cadillac Escalade“ е џиновско возило. Но, тој пред сè е симбол на луксуз и гордост на американската автомобилска индустрија. И онака огромното возило се нуди и во продолжена верзија, а тоа во американски термини значи должина од 5763 mm и растојание помеѓу оските од 3406 mm.


На сето ова се додава и масата на возилото кое без патници надминува речиси 3 тони и новиот погон кој му овозможува на овој „ѕвер“ да биде не само најбрз меѓу „камионите“ туку и во конкуренција на големите теренци.

Овој „Cadillac“ го придвижува 6.2 V8 мотор со 691 коњски сили и 885 Nm. Усогласен е со 10-брзински автоматик и 4WD погон, а официјалните податоци велат дека достигнува 96 км/ч. за само 4,4 секунди. Четврт милја поминува за 12,74 секунди со излезна брзина од 177 км/ч.


Неверојатните перформанси нема да ги расипуваме со податоци за потрошувачката на гориво, па ќе ги споменеме и модифицираната шасија, моќните сопирачки и најголемиот можен луксуз кој „Cadillac“ денес може да го понуди. На пример, сопственикот го очекува hi-fi аудио систем со 36 звучници и 38-инчен екран.

И за крај, уште еден податок - најмоќниот „Cadillac“ е и најскап, а тоа значи дека почетната цена е 149.990 долари. Со оглед на актуелните цени, овој модел многумина ќе го прогласат и за добра зделка.





Спонзорирани линкови

Маркетинг