Новинар на „BBC“ даде прогноза за Констракта, а ја прокоментира и песната: „Тоа го напишал некој среде нервен слом“

Точка

14/05/2022

12:14

12.078

Големина на фонт

а а а

Српската претставничка за Евровизија не престанува да ја интригира јавноста, со својата песна и настап.

Нејзиниот успех дополнително го нагласува и тоа што песната е на српски јазик (со некои латински делови), а исто така таа предизвикала големи емоции кај луѓето.

Британците не се исклучок, па од нивните медиуми главно се добиваат добри коментари, што е уште еден показател на успехот на Констракта.

„Радоста во Евровизија не е во тоа да анализираме дали гласањето е политичко или не, туку во тоа да пронајдеме необични, прекрасни, страсни и чудни настапи кои земјите учеснички ги подготвиле“, пишува Марк Севиџ кој Констакта ја ставил на второто место на својата листа.

Марк Севиџ, новинар од „BBC“ направил листа од 7 песни на кои треба да обрнеме внимание на овогодишната Евровизија, а Констакта е на второто место.

Анализата на новинарот се занимава со текстот на песната „In corpore sano“.

„Српската In corpore sano очигледно е напишана за времето на пандемијата и тоа ја напишал некој 'шетал' по докторските страници среде нервен слом“, пишува новинарот.


„Одата на личната хигиена и поставувањето на вечното прашање за негата на косата на Меган Маркл, пред да се претвори во испрашување на хигиената и прашањата како дали подочниците значат дека имате проблем со црниот дроб...“, продолжил Марк.

„Можете да ја замислите Констакта како го пишува овој текст по ѕидовите во текот на мрачната ноќ од својата душа, а таа слика станува сè помоќна поради хорот кој ѝ се придружува на сцена изговарајќи го текстот на латински“, пишува новинарот Марк Севиџ.


„Во случај тоа да не е доволно чудно, цел настап Констакта ги мие рацете. Секако дека тоа е фаворит на публиката“, заклучил Севиџ.

Инаку, Констракта настапува вечерва во големото финале на Евровизија под реден број 24.




Спонзорирани линкови

Маркетинг