Најновата серија видеа од роверот „Curiosity“ од површината на Марс предизвика бурни коментари на социјалните мрежи и бројни (фантастични) теории.
На една од фотографиите, настаната на 7 мај на геолошката локација Greenheugh Pediment, јасно се гледа „премин“ во правилен облик во карпите.
Што гледаме?
„Преминот“ изгледа толку убедливо што лесно може да помислите дека гледаме во некој од „подземните тунели“ за кои теоретичарите на заговор обожаваат да дебатираат.
Бројни филмови со научно-фантастична тематика настанале врз основа на помалку мистериозни настани, а не пак вакви...
Underground Entrance Or Stargate?
— Hidden Underbelly (@Underbelly2_0) May 11, 2022
This strange looking doorway was photographed on Mars by the Curiosity Rover's Mast Camerahttps://t.co/BveGwg2ND0 pic.twitter.com/Utcu1blEKg
Се чека одговор од NASA
Полемиките на Редит не престануваат, а многумина веруваат дека роверот снимил најобична пукнатина во карпа, настаната по потрес.
Земјотресите не се необична појава на Марс, а последниот бил забележан на 4 мај годинава. Научниците сè уште утврдуваат каде е епицентарот и кои се последиците, потсетува „Science Alert“.
Се очекува некој од американската агенција NASA наскоро да објасни за што всушност станува збор.
„Колиба на Месечината“
Да ве потсетиме, кон крајот на 2021 година кинескиот ровер „Yuta- 2“ испратил видео од мистериозен објект на површината на Месечината, чија вест го обиколи светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Фото: Откриено што се крие зад „НЛО базата“ на темната страна од Месечината
Подоцна, лунарното возило помина низ локацијата и потврди дека станува збор за обична карпа.