Најголемиот бел дијамант продаден за повеќе од 18 милиони евра

Точка

12/05/2022

19:48

10.999

Големина на фонт

а а а

"The Rock", најголемиот бел дијамант изложен некогаш на аукција, е продаден вчера за 18,6 милиони швајцарски франци, далеку под рекордот и бараната цена за масивни скапоцени камења.

Аукциската куќа "Christie's" се надевала дека ќе добие понуда меѓу 19,3 милиони швајцарски франци за дијамантот со совршен облик од 228,31 карат.


Дијамантот бил пронајден и полиран во Јужна Африка пред повеќе од 20 години и е најголем скапоцен камен со бела боја и крушест изглед.


Лицитацијата во женевскиот "Hotel Des Bergues" почнала од 14 милиони франци и траела 2 минути пред да биде продадена на купувач кој учествувал телефонски.


„Овој многу редок скапоцен камен е ископан и полиран во Јужна Африка пред повеќе од две децении и најголем бел дијамант кој некогаш се појавил на аукција“, било соопштено од аукциската куќа "Christie's".




Спонзорирани линкови

Маркетинг