„Ова мора да е шега“: ТикТокерка јавно го изнела својот срам - луѓето се згрозени од оваа изјава

Точка

10/05/2022

13:25

19.227

Големина на фонт

а а а

Туширањето е дел од секојдневната рутина, но една жена на ТикТок откри дека не сака да се капе и дека се откажала од тие навики уште во средно училиште. Според „The Sun“, таа рекла дека целиот процес ѝ бил премногу напорен.

Девојката по име Реина објаснила дека не мисли на тоа колку често ја мие косата, туку само на туш​​ирање на телото. Првото објаснување што го кажала е тоа дека едноставно не ѝ се допаѓа, а потоа дала дополнителни причини. Од загревањето на водата, па туширање, правење на сите потребни работи, а потоа излегување од туширање, сушење, чекање да се исуши косата, тоа е за неа премногу и ѝ одзема многу време.

„Се туширам еднаш неделно и тоа ми е доволно“, објаснува Реина во видеото.

Нејзината следна причина поради која избегнува да се тушира ​​е тоа што го мразела чувството на влажна коса. Таа вели дека не може да користи фен и дека го мрази неговиот звук, а има и проблеми со слухот.


Таа, исто така, тврди дека нејзиниот сув скалп и проблемите со сувата кожа воопшто - се подобриле откако почнала да се тушира ​​еднаш неделно.

Нејзината последна причина била заштедата на вода, односно објаснила дека не сака да троши вода без потреба, но и производи за туширање. Корисниците на ТикТок веднаш почнале да коментираат на нејзиното видео, а многумина биле згрозени од таквите хигиенски навики.

„Грижата за себе и чистењето никогаш не се губење време, тоа е нешто што мора и треба да го правите“, напишал еден корисник.

„Ова мора да е шега. Таа не наведе никаква валидна причина“, „Очигледно нема партнер, не знам кој би го трпел тоа“, се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг