Домашни апарати кои "голтаат" струја дури и кога не работат: Со овие совети ќе ја намалите сметката

Точка

17/04/2022

12:52

32.137

Големина на фонт

а а а

Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и актуелната војна во Украина цените на електроенергентите растат во цела Европа, што најмногу се одразува на нивото на потрошувачка на струја во домаќинствата.

Државите во главно ја зголемиле потрошувачката на горниот лимит на струјата за да ја олеснат кризата во домаќинствата. За максимално да се заштеди на потрошувачката на струја, постојат неколку трикови кои треба да се следат и кои се поврзани со домашните апарати.


„Бидејќи фрижидерот и замрзнувачот мора постојано да бидат вклучени, не изненадува фактот дека преку 12 проценти од потрошувачката на струја во домаќинствата оди директно на овие два апарати. Бидејќи тие не можат да се исклучат, постојат начини да се обезбеди нивна непречена работа за да се плати само неопходниот миниум. Со редовно чистење од надвор и внатре загарантирана е добра работа на фрижидерот и замрзнувачот. Со исфрлање на намирниците на кои им истекол рокот ја намалувате силата која фрижидерот ја користи за да ги користи производите студени, додека со редовно надворешни чистење се спречува влегување на прашина во компресорот која може да ја отежни работата“, изјавила Наталија Лаким, експерт за штедење пари, пишува "Mondo".


Телевизорот е уред кој е најдолго време вклучен, иако поголем дел од времето никој не го ни гледа.

„Многумина погрешно претпоставуваат дека со исклучувањето преку далечинското го гасиме телевизорот во целост. Тоа не е секогаш случајот. Конзолите за игри често остануваат вклучени“, потсетува Наталија.


Полначите за телефон не трошат многу струја кога остануваат вклучени во штекер, но затоа може да бидат многу опасни.