Бункерот на милијардерите: Како изгледа најбезбедното место за живот во светот?

Точка

06/04/2022

19:30

36.737

Големина на фонт

а а а

Индијан Крик е остров на богатите и славните кој се простира на 1,2 квадратни километри во заливот Бискејн во Мајами.

Поради високата заштита на приватноста и безбедноста, но и профилот на луѓе кои на него имаат посед, островот го нарекуваат бункер на милијардерите (Billionaire Bunker).


Таму поседите ги купиле финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтени гиганти, поранешни спортски легенди, пејачи и манекенки. Во ексклузивноста на местото придонесува и фактот што на островот има само 41 достапен посед.

Спектакуларните домови вклучуваат теретани, спа-зони, пространи вински подруми и други луксузи од модерниот свет, а просечната цена на недвижнините на островот се движи околу 20 милиони долари.

Луксузните вили се опкружени со богато зеленило, а таму има и величествени терени за голф, но и големи базени и приватни плажи со поглед кон заливот.


Островот Индијана Крик го нарекуваат еден од најбогатите, најсигурните и најприватните во Мајами, но и во светот. 

Покрај тоа, приватните вооружени патроли патролираат на копното и во водата околу островот 24 часа дневно. Доколку не сте повикани, нема да може да стапнете на островот.