“Vespa” слави 75-ти роденден, а “LEGO” нуди посебна креација

Точка

04/03/2022

14:22

15.110

Големина на фонт

а а а

“LEGO” претстави уште еден производ за љубителите на легендарното возило.

Овој пат станува збор за легендарниот скутер. “Vespa 125” пристигна во понудата на “LEGO” а доаѓа во сет од 1106 делови.


Кога еднаш ќе го составите, италијанскиот класик ќе биде висок 22 центиметри, 35 центиметри долги и 12 центиметри широк. Бројните детали, па и можноста за тргање на капакот за да се дојде до моторот, јасно покажуваат дека ова е производ за возрасни мото-ентузијасти.


На корисниците сигурно дополнително ќе им се допаднат и функционалните рачки, кациги, па дури и соодветниот букет цвеќиња во корпата.


Сетот во понудата пристигнал овој месец, а чини 99.99 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг