Лековити напитоци за студените денови: 5 чаеви кои успешно ги намалуваат воспаленијата во организмот

Точка

26/01/2022

15:30

16.496

Големина на фонт

а а а

Ако не сте сигурни кои чаеви се особено препорачливи да се консумираат во текот на зимската сезона, овие 5 видови имаат најсилно антивоспалително дејство и го зајакнуваат имунитетот.

Еве за кои чаеви станува збор:

Чај од ѓумбир

Овој егзотичен корен содржи антивоспалителни соединенија како гингерол и шогаол.

Студиите покажуваат дека ѓумбирот може да ги ублажи сериозните воспаленија и болките кои се јавуваат кај ревматоидниот артритис и може да помогне во превенција на други тешки хронични заболувања.


Зелен чај

Популарноста на зелениот чај ширум светот ништо не може да ја надмине. Овој напиток е познат по своите антивоспалителни и антиоксидативни својства кои ги поседува благодарение на полифенолите катехини.

Зелениот чај ја подобрува циркулацијата и го чува здравјето на срцето.

Чај од куркума

Покрај ѓумбирот и зелениот чај, чајот од куркума е еден од најмоќните антивоспалителни чаеви и тоа благодарение на куркуминот. Токму оваа активна состојка ги намалува воспалителните маркери, покажуваат истражувањата.

Овој лековит корен со жолта боја многу често се применува и во ајурведата.


Чај од шипка

Плодот на дивата роза, познат и како шипка, изобилува со витамин Ц и други антивоспалителни состојки.

Шипката е идеална за студените зимски денови и ви овозможува совршена заштита од инфекции и воспаленија.

Една студија покажала дека консумирањето на чај од шипка во рок од 3 месеци може значително да ги ублажи болките предизвикани од воспаленија и вкочанетост на зглобовите кај лицата со артритис.

Чај од камилица

Дали сте знаеле дека чајот од камилица повеќе од 5000 години се користи како средство за смирување и долговечност?

Освен што го смирува нервниот систем, камилицата ги намалува болките, црвенилото и отеченоста, кои се чести знаци на некој воспалителен процес во телото.

Цветовите од камилица можат да се нанесуваат и како облоги на кожата за да се намалат воспаленијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг