„Од денеска, конечно со својата Анче“: Почина маестро Александар Џамбазов, веста ја потврди неговиот син Игор

Точка

25/01/2022

12:02

12.822

Големина на фонт

а а а

На 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов.

Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, Игор Џамбазов, на својот Инстаграм профил.

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денеска, конечно со својата Анче. вечен нека нѝ е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг