По 17 години завршува британскиот „X Factor“ – потсетете се на најдобрите изведби

Точка

02/08/2021

20:44

4.577

Големина на фонт

а а а

Осудувањето во буквална и преносна смисла е вештина на која Сајмон Кауел докторираше и токму тој нѝ е прва асоцијација за „X Factor“.

Со години наназад, редовно го следевме ова шоу и потајно навивавме за личните фаворити додека доживувавме ролеркостер од емоции, а иако истото има традиција долга 17 години и голема популарност, Сајмон денеска изјави дека веројатно повеќе нема да го гледаме.

Всушност, тој беше неодреден, па можеме да очекуваме и враќање, но во некој друг формат. Кауел е свесен дека популарноста на „X Factor“ опаѓа и своето внимание го насочил кон нови проекти помеѓу кои се истакнува „Walk The Line“. „One Direction“, „Little Mix“, Леона Луис, Џејмс Артур – сите овие се имиња кои нѝ се познати благодарение на шоуто.

Доколку не навлегуваме во она што се одвивало зад кулисите, а тука несомнено имало сè и сешто, вистина е дека „X Factor“ безброј пати нè расплака, разнежни или инспирираше. Од деца со сериозен талент преку млади талентирани луѓе кои буквално се родени за тоа што го прават до оние постарите кои дури во 50-тите, 60-тите, 70-тите години од животот собрале храброст за првпат да излезат на сцената, само што излегле од затвор или го напуштиле токсичниот брак и на сцената под рефлекторите изведуваат не само настап, туку и некој вид соочување со себе и другите...

Во продолжение, потсетете се на луѓето кои успеаја да го освојат светот со својот глас, автентичноста, целокупниот настап и животната приказна која стои зад сето тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг