Оваа мајка на лов на диви животни ја води и 4-годишната ќерка: Со објавата на Инстаграм го згрозила светот

Точка

29/07/2021

21:31

5.463

Големина на фонт

а а а

Џесика од Нов Зеланд оди на лов на диви животни, а од ова хоби не се откажала ниту кога станала мајка. Сега на лов ја води и својата четиригодишна ќерка Лили.

Таа на социјалните мрежи се пофалила со излет во дивина со ќерката, каде го прославиле нејзиниот роденден, поради што сите ги згрозила. Спиеле во шатор, сами подготвувале храна, а не заборавиле ниту да понесат пушка.

Џесика на Инстаграм објавила фотографија на која девојчето држи два опасни зајаци за опашката, а три опосуми лежат пред неа.

Некои ѝ порачале дека не е добар пример за помладите генерации, додека други ја нарекле со погрдни имиња.

Сепак, Џесика останала доследна во својата намера да ја зема со себе ќерка си на лов, а како што наведува, тоа ментално ја опушта и ѝ го намалува стресот.

„Уловеното месо го ставам во фрижидер или го делам со луѓето. Ловот не е само убивање животни. Тоа е начин на кој го прехранувам семејството, вежбам и се опуштам“, објаснува таа.

Во ловот се заљубила благодарение на својот дедо кога имала само 4 години.

„Сите водиме одреден начин на живот, а ова е мојот и тоа уште откако бев дете. Некои се вегани, некои вегетаријанци, некои купуваат месо, а јас сакам сама да го уловам“, заклучила Џесика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг