[ВИДЕО] Таа е првата жена која се разголила во јавност, сè со една цел: Ги разбила сите табуа, а за реакцијата на мажите се зборува и ден-денес

Точка

25/04/2024

22:19

6.671

Големина на фонт

а а а

Кога францускиот дизајнер Луи Реар претставил две мали парчиња ткаенина кои можело да ги собере во кутија за кибрит и тоа смело го нарекол – костим за капење, ниту една жена не сакала да го облече. За да покаже колку навистина е добар неговиот изум, Реар морал да ангажира – егзотична танчарка.

Дизајнерот својот минијатурен костим за капење кој „повеќе открива отколку што покрива“ го нарекол – бикини! На 5-ти јули 1946 година, кога го претставил на базенот „Молитор“ во Париз, предизвикал вистински моден скандал.

Реар не можел да најде ниту еден модел кој би се согласил да го носи неговото бикини. На крајот, „атомскиот костим за капење“, како што го рекламирал неговиот творец, официјално го претставила 19-годишната егзотична танчарка на париското казино, Мишелин Бернардини.

Како што подоцна изјавила оваа девојка, не ѝ било проблем да се појави „разголена“ во јавноста, бидејќи и онака така настапувала.

За разлика од дотогашните дводелни костими за капење кои го покривале стомакот, бикинито го откривал папокот, а поприлично и задникот и бутовите на жената. Скандалот бил неизбежен.

Во Европа, под притисок на Католичката црква, италијанската, шпанската и белгиската влада ја забраниле продажбата на бикини. Во Франција, минијатурните костими за капење биле забранети на плажите на Атлантикот, но не и на Медитеранот.

Сепак, Мишелин станала ѕвезда, особено помеѓу мажите. Само по првата промоција, таа добила преку 50.000 писма од обожаватели ширум светот со понуди кои варирале од непристојни до брачни.

Искористувајќи ја стекнатата слава, оваа храбра девојка се преселила во Австралија и се вработила во театар. Подоцна се омажила за американски војник и се преселила во САД каде што работела како актерка до 1970 година.

Во меѓувреме јавноста заборави на неа, но не и на бикинито кое остана неизоставен моден детаљ на сите плажи ширум светот сè до денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг