[ФОТО] Интернетот е во шок поради неверојатната трансформација на ова куче

Точка

25/04/2024

16:09

4.431

Големина на фонт

а а а

Корисникот на Редит, u/TallyMatty, сподели седум фотографии на социјалната мрежа кои ја прикажуваат неверојатната трансформација на неговото куче Бастер.

Четиригодишниот Бастер има ретко кожно нарушување наречено витилиго, кое во период од две и пол години му се проширило по целото тело и довело до губење на пигментацијата. На фотографиите можеме да ја видиме неговата постепена трансформација, поради која денес има потполно бело крзно.

My boy Buster (4yo) has completely changed from black to white over the course of the last 2.5 years.
byu/TallyMatty inaww

„Да не ја покажеше транзицијата, немаше да верувам“, напишала еден корисничка во коментари на виралната објава.

„Ова е најинтересното нешто што сум го видел на Редит веќе подолго време. Мислев дека е лага сè додека не ги погледнав другите фотографии“, додал друг корисник.

„Дали ова можеби се случило по борбата со Балрог?“ се пошегувал трет корисник, алудирајќи на Гандалф Сивиот од трилогијата „Господар на прстените“, кој стана Гандалф Белиот откако го победи злобниот Балрог.



Спонзорирани линкови

Маркетинг