Ниту кучињата ниту мачките: Само едно домашно милениче носи среќа во вашиот дом, според фенг шуи

Точка

23/04/2024

16:40

12.342

Големина на фонт

а а а

Можеби кучињата и мачките се најчестите домашни миленици, меѓутоа кога станува збор за среќата во домот постои подобар избор.

Последните децении многу се говори за фенг шуи како древна вештина, кога станува збор за декорирање и внесување на предметите во домот за кои се верува дека носат среќа, мир и богатство.


А, она за што ретко се говори, па поради тоа мал број на луѓе знаат дека постои е еден домашен миленик којшто би можел да донесе неверојатна количина добра за цело семејство. Во прашање е златната рипка.

Ова животно е многу ценето во целиот ориентален свет, а будистите се многу опуштени затоа што претставуваат еден од светите амблеми на Буда.

Па така, источните земји цврсто веруваат дека семејствата кои имаат златни рипки во својот дом долго и здраво живеат, а Египќаните од древните времиња верувале дека овој миленик носи среќа во целото семејство.

И во Грција златната рипка е моќен симбол, а кај нив само мажените жени добиваат златни рипки како подарок за да имаат среќа во бракот и многу деца. Многумина веруваат дека златните рипки се најмоќниот талисман којшто привлекува богатство.


Кинезите веруваат дека златната рипка го задржува доброто и енергијата во домот, без кои според нивното убедување во било кој дом нема мир, просперитет и пари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг