[ФОТО/ВИДЕО] Ве повикува селото на „духовите“! Напуштеното рибарско место станало хит туристичка дестинација

Точка

23/04/2024

19:22

5.230

Големина на фонт

а а а

Напуштените места се секогаш мистериозни, а едно „село на духови“ стана популарна туристичка дестинација токму поради тоа.

Напуштеното рибарско село Хутуван на островот Шенгшан, Кина неодамна стана туристичка атракција поради градбите обраснати со зеленило.




Жителите на Хутуван почнаа да го напуштаат селото во 90-тите поради неговата оддалечена локација. На луѓето им беше тешко да стигнат до копното, а некои се мачеа да најдат можности за работа.





Откако селото било напуштено, бујното зеленило брзо почнало да ги „голта“ куќите и другите градби.Во 2015 година, фотографиите од мистериозното напуштено село станаа вирални на социјалните мрежи и оттогаш Хутуван привлече прилив на туристи, а тоа сè уште не е променето.

Официјални лица на островот Шенгшан беа загрижени поради ненадејниот прилив, при што еден рече дека селото „не е опремено“ за туристи, според express.co.uk.







Спонзорирани линкови

Маркетинг