На Фејсбук страна на "Дневна доза просечен Далматинец" објавена е фотографија со интересна понуда од еден бар во Ријека. На посетителите, соодветно со актуелните теми, им се нудат коктели под името Фајзер, Спутник, Модерна.
Виралната фотографија ги насмеа многубројните корисници на Фејсбук и коментирале дека не сакаат "Џонсон бидејќи ќе добијат само една доза" или дека во овој случај "ќе примат уште една - без проблем".
Имаше и такви кои коментирале: "Како може вотка во Модерна, а не во Спутник?".
Барот на плажа, за кој се смета дека се наоѓа во Ријека, нуди коктели именувани според имињата на вакцините против коронавирусот.
Коктелите се направени со рум, минерална вода, сирупи, овошје. Судејќи по реакциите на социјалните мрежи, иновацијата на хрватски угостители сигурно ќе биде хит ова лето.