Вработените во супермаркет во Чикаго забележале диво животно во фрижидерот со храна, а потоа започнаа со возбудливото „спасување“.
Откако вработените го забележале животното, повикале помош, а потоа пристигнаа полицајци и претставници на локалниот Оддел за заштита и надзор на дивиот свет кои се обидоа да го намамат „гостинот“ да излезе од скривницата, додека клиентите и вработените го проследија настанот од безбедно растојание и го снимија, а сето тоа заврши на социјалните мрежи.
The Aldi’s on Kedzie in Humboldt Park
— Eddie (@EddieBarstool) January 13, 2025
I was prepared to see him pull out a opossum or a raccoon. Did NOT expect that pic.twitter.com/4CbaWkjhwy
Кога конечно успеаја да го извлечат животното, се покажа дека станува збор за прилично голем којот, што ги изненади присутните. Еден корисник на X напиша дека очекувал опосум или ракун.
Којотот првично побегнал од полицаецот и се скрил назад во фрижидерот, но на крајот бил фатен и предаден на центар за рехабилитација на диви животни.
Таму открија дека којотот е неповреден и најверојатно ќе биде вратен во дивината. Како што пренесе британскиот портал Метро, очевидец претходно забележал којот на паркингот во близина, а животното кое вообичаено бега од луѓето се засолнило во продавница и се скрило во фрижидерот со намирници.
Според Стен Герт, експерт од Центарот за којоти во Чикаго, којотите почесто се појавуваат во периодот помеѓу јануари и февруари, кога трае нивната сезона на парење.