Психоделична пустина: Неверојатна атракција чиј песок се прелива во седум бои ги освои луѓето

Точка

23/04/2021

13:42

3.654

Големина на фонт

а а а

Еден геолошки феномен со својата чудотворност успеал да ги надмине сите природни убавини во Маврициус.

Во недопрената зелена оаза се наоѓа малата пустина чиј песок се прелива во неверојатни бои.

Маврициус има една необичност: една од неговите најпознати туристички атракции е налик на нивното знаме.

Имено, знамето на Маврициус лесно се памети поради тоа што се состои од само четири бои поставени хоризонтално една над друга - црвена, сина, жолта и зелена.


Боите и шаренилото се главната одлика на најпопуларното место во Маврициус.

Во малечкото село на западот од земјата со име Шамарел, се сместил еден надреален геолошки феномен кој што успеал да ги надмине сите други природни убавини на оваа земја.

Тука се наоѓа малата пустина чиј песок има неверојатни бои - црвена, кафеава, виолетова, розова, зелена, сина и жолта, а тие нежно се преливаат една во друга.


Туристите оваа песочна дина ја опишуваат како психоделична, а ние мора да се согласиме со нив.

Неверојатните бои кои што нежно се преливаат една во друга се резултат на вулканските активности.

Се верува дека настанале како последица на ладењето на вулканската прашина и камењата на различните температури, како и мешањето со минералите.

Сепак, една мистерија останува нерешена - на кој начин песокот сам се групира по бои?


Инаку, феноменот бил откриен во 1960 година, па го добил името: Земја на седумте бои.

Од своето откритие до денес останала една од најпопуларните атракции на Маврициус иако има голема конкуренција од страна на рајските плажи и прекрасната природа.

По песокот не може да се оди поради тоа што е заштитен со ограда која што му предвидува „мир“.

Може да му се восхитувате само одблизу и да го фотографирате, а очигледно е дека тоа е доволно. На крајот на краиштата, каде на друго место може да најдете нешто слично на тоа?


Но, тоа не е сè. Таму исто така има и егзотичен парк каде што во недопрената природа се наоѓа и импресивен водопад.

Низ паркот се наоѓаат и патеки кои што се со должина од 60 километри, а по шетањето може да одморите во локалната дестилерија на рум.