На мајките воопшто не им е лесно, особено со долгогодишните студенти, но една мајка чиј син студирал на Правниот факултет во Ријека ги „преточила“ сите свои маки во урнебесен натпис кој стана вистински хит.
Белградскиот графички дизајнер Бранко Гавриќ објавил на Фејсбук фотографија од неговата роднина Сања и нејзиниот син кој завршил Правен факултет, како што истакнува тој, по 10 години студирање.
Под фотографијата напишал дека тоа е „исцрпената роднина Сања“ со синот на доделувањето на дипломата која ја добил за упорното и трпеливо студирање – од 10 години.
Она што е најурнебесно на таа фотографија е како мајката ја претворила целата таа исцрпеност во хумор – држела натпис на кој пишувало: „Фала к*рцу“.
Објавата на Гавриќ веднаш стана хит на социјалните мрежи.