Сакате да летувате во Грција, а да бидете безбедни? На овој грчки остров нема коронавирус, а сите жители се вакцинирани

Точка

01/04/2021

15:51

5.993

Големина на фонт

а а а

Еден грчки остров е целосно заштитен од коронавирусот, а сите жители се вакцинирани. Ова е нивната приказна.

Уште од месец март минатата година, на грчкиот остров Мегисти забележан бил само еден случај на инфекција на коронавирусот. Набрзо потоа тој еден случај бил изолиран и останатите 500 жители биле целосно заштитени.

Како што пренесува „Euronews“, локалните жители живеат „опуштено“, но и натаму внимаваат. Велат дека секој кој што ќе стигне на нивниот остров претходно мора да направи ПЦР тест.


Марија Лазараки (90) била првиот жител кој што се вакцинирал. Ресторанот кој што го држи нејзиното семејство и понатаму е затворен, па Марија вели дека сега со уживање им готви на своите внуци.

„Да, се вакцинирав - и првата и втората доза ја примив. Се вакциниравме сите, од 20 до 94 години. Вистина е дека сум стара и дека сум се наживеала, но сеедно, зошто да не се вакцинирам кога можам? Пред пандемијата имавме многу туристи, се надевам дека ќе се вратат“, вели Марија за „Euronews“.

Рибарот Михалис Матсос вели дека целиот остров трпи финансиски губиток поради пандемијата и дека се надева дека ова лето ќе биде поразлично од претходното.


„Повеќе нема туристи, само ние жителите сме тука. Немам на кој да му продавам риба, така што сè што ќе уловам нема никаква вредност. Поголемиот дел од рибите ги купуваа туристите“, вели тој.

Жителите велат дека ја поддржуваат одлуката на Грција за влез во нивната држава да се бара сертификат за вакцина од туристите.


„Вакцината психички ни помогна поради тоа што се чувствуваме побезбедни. Пред да се вакцинираме се плашевме. Не би можеле да се избориме со пандемијата доколку се појавеше тука. Мислам дека работите ќе дојдат во нормала ова лето, а сертификатите за вакцина се важни, особено за малите гратчиња, како нашето“, изјавил градоначалникот на овој остров, Стратос Амигдалос.