„Adidas“ во соработка со естонскиот рапер Томи Кеш претстави необичен модел на патики долги 1 метар

Точка

06/03/2021

16:01

4.067

Големина на фонт

а а а

Спортскиот бренд „Adidas“ го претстави својот најнов модел „Adidas Originals Superstar“ кој привлече внимание поради невообичаената должина.

Патиките се дизајнирани од страна на естонскиот рапер Томи Кеш, а истите се долги 1 метар.

Кеш во текот на договорот за соработка со „Adidas“ најавил дека планира да ги направи најдолгите патики на светот и 5 месеци по тоа го остварил своето ветување.

Патиките доаѓаат во црна и бела боја, а контрастниот колорит раперот го објаснува како „ангелот и ѓаволот кои живеат во него“.

Како што пренесува „Sneaker Freaker“, Кеш вели дека црната и белата боја претставуваат две спротивности кои постојано меѓусебно се борат и нема потреба да се крие едната страна од својата личност кога и двете можат совршено да коегзистираат една со друга.

„Тие го одразуваат моето расположение кое се менува секој ден“, вели раперот.

Ограниченото издание (со регуларна должина) на овој модел ќе биде достапно за купување преку апликацијата на „Adidas“ по цена од 80 фунти.