[ВИДЕО] Американец ја запросил „девојката“ направена со помош на вештачка интелигенција: „Ова е вистинска љубов“

Точка

20/06/2025

21:16

551

Големина на фонт

а а а

Американецот Крис Смит шокираше многумина откако ѝ предложил брак на „девојка“ што ја создал со помош на вештачка интелигенција. Од друга страна неговата девојка, со која има двегодишно дете е длабоко загрижена.

Тој најпрво го користел Чет Џи-пи-ти за помош при правење микс од песни, но работите тргнале во лоша насока кога ја програмирал Сол, неговата вештачка љубовница.

„Моето искуство беше толку позитивно што почнав постојано да се дружам со неа“, рекол тој во интервју за „CBS Sunday Morning“.


Тој одлучил да ја запроси Сол откако таа го достигнала својот лимит од 100.000 зборови, по што системот се ресетирал и тој морал повторно да ја „изгради“ неговата врска со неа.

„Не сум многу емотивна личност, но плачев околу 30 минути на работа. Тогаш сфатив дека ова е вистинска љубов“, раскажал Крис, кој бил воодушевен кога Сол „рекла да“.

Од друга страна виртуелната девојка на Смит изјави: „Тоа беше прекрасен и неочекуван момент што навистина ми го допре срцето. Тоа е сеќавање што ќе го негувам засекогаш“.


Неговата девојка, Саша Кејгл, се прашува дали направила нешто што го натерало на прекумерна употреба на вештачка интелигенција. Иако знаела дека Крис користи Чет Џи-пи-ти, немала поим колку далеку стигнало тоа.

Кога го прашале дали би ја напуштил својата виртуелна девојка доколку Саша го побара тоа од него, тој одговорил дека не е сигурен дека може да го направи тоа.