Најпознати реплики на Белата куќа ширум светот кои ќе ве маѓепсаат: Свечен чин за младоженци во Овалната соба, градба изградена наопаку...

Точка

25/01/2021

14:30

2.920

Големина на фонт

а а а

Ширум светот можат да се видат голем број на реплики од Белата куќа, а некои од нив се навистина успешни.

Белата куќа секако е една од најпознатите градби ширум светот затоа што во неа престојува американскиот претседател. Меѓутоа, дали сте знаеле дека ширум светот можат да се видат многу нејзини реплики?

Поголемиот дел од репликите се наоѓаат во американските држави, како Џорџија, Илиноис, Калифорнија, Вирџинија, Флорида и многу други.

Особено популарна е репликата која што се наоѓа во Висконсин затоа што Белата куќа е изградена наопаку, па важи за голема туристичка атракција.

Меѓутоа, една од најинтересните реплики се наоѓа во Ербил, Ирак.

Курдски бизнисмен за неа платил 20 милиони долари, само за да се изгради, а истата се наоѓа во населбата која што се нарекува „Дрим сити“.

Многумина го користат брендот од Белата куќа за да заработат на него, па така можат да се видат и многубројни хотели, мини реплики, забавни паркови и слично кои што наликуваат на Белата куќа.

Хотелот кој што е реплика на Белата куќа нуди можност за организирање венчавки од соништата, а младоженецот може да се подготви за свечен чин во Овалната соба.

Уште поинтересна е Белата куќа во кинескиот град Шенџен во провинцијата Гуангдонг. Гигантот „Хуавеи“ одлучил да направи кампус во кој што ќе изгради разни реплики, а меѓу нив и Белата куќа. Градењето чинело 10 милиони долари.