Едноставно неодоливи: Ова се најмалите и најслатки кучиња на светот!

Точка

14/12/2020

10:24

6.979

Големина на фонт

а а а

Нив едноставно не можете да им одолеете. Ова се најслатките минијатурни раси на кучиња.

Померанец

Ова е нежно и 'галено' куче кое ќе биде совршен домашен миленик за семејствата кои живеат во стан и немаат доволно простор. Тие имаат многу специфично крзно што ги прави да изгледаат како 'плишани играчки'. Тие се едни од најпопуларните раси на светот, а интересно е што се многу храбри и не се плашат од многу поголеми раси на кучиња.

Чивава

Чивавата има необичен карактер, а тежи помеѓу 0,5 и 2,5 килограми. Името на расата потекнува од мексиканскиот град Чивава. Иако е толку минијатурен, тој е лојален на сопственикот, а знае да биде и заштитнички настроен и понекогаш и премногу лае. Чивавата е верен пријател, срдечен и преполн со љубов кон сопственикот.

Руско џуџе куче

Активно, многу весело и духовито куче. Тежината не надминува 3 килограми, а можат да живеат помеѓу 12 и 15 години.

Џуџе пудлица

Најкраткиот опис за пудлица е дека е интелигентно, приврзано и мирољубиво куче. Бара специфична нега на влакната, но затоа возвраќа со бескрајна љубов. Важно е да знаете дека ова куче може да се чува само во домашни услови, бидејќи е многу чувствително.

Бишон

Бишон во превод од француски значи топчесто кадраво куче, а тежи помеѓу 3 и 5 килограми. Бишонот е семејно куче, бидејќи е лојално, пријателски настроено кон децата, но и кон другите животни. Неговата препознатлива карактеристика е 'пуфкастото' бело крзно кое бара редновно четкање.

Мопс

Мопс е куче кое личи на играчка, има впечатлива муцка, полно е со набори и опашката му е завикана. Тој е една од најсимпатичните раси на нашата листа, има харизматичен карактер, пријателски е настроен и смешен. Тој има убави, сјајни влакна кои можат да бидат во различни бои, и мускулесто, мало тело, што го прави единствен.

Шицу


Шицу е семејно куче, кое добро се согласува со малите деца, а второто име му е мини-лав. Има двослојна, густа коса, која бара секојдневно четкање. Тој е пријателски настроен, дружељубив со другите животни и со нив може да живее во ист стан/куќа.