Според зборовите на познатиот турски астролог Мурат, пред еден од хороскопските знаци е лето кое ќе му биде најубавиот период во животот.
Според толкувањето на турскиот астролог Мурат, хороскопскиот знак којшто летово ќе влезе во благосостојба е Ракот.
После години емотивна борба, разочарувања, семејни неверства и чувство како секогаш да даваат повеќе отколку што добиваат, Раковите конечно доаѓаат во фаза полна со трансформации.
Летната ѕвезда, особено од планетарен аспект во јули и август, ќе им ги отвори вратите на среќата, љубовта и финансискиот просперитет.
„Раковите летово ќе го паметат по големите животни пресврти“, вели Мурат, па додава:
„Заслужиле мир, љубов и потврда дека биле на вистинскиот пат иако често ги следело чувство на осаменост“.
За многу од Раковите, ова ќе биде време кога конечно ќе го добијат она по што копнееле, длабока емотивна поврзаност, внатрешен баланс, признавање на трудот и почеток на едно ново стабилно поглавје во животот.