За љубителите на природата и пејзажите: Величествена бајка во „срцето“ на Ирска – „Тhe Europe“

Точка

03/12/2020

14:28

1.601

Големина на фонт

а а а

Хотелот „The Europe“ се наоѓа на крајбрежјето на езерото Lough Leane, едно од најубавите во југозападниот регион на Ирска.

Совршено усидрен во пејзажот помеѓу пространата вода и планините, убавината и спокојот кои што извираат од ова место, нудат совршено одморалиште за вашето тело и дух.

Киларни е едно од најпосакуваните подрачја во Ирска, а хотелот „The Europe“ е еден од најлуксузните во земјата.


Тој е вистински рај за љубителите на природата, со пејзажи на беспрекорното езеро, со луксузни и удобни соби и апартмани кои ги нуди.

Класично уредените соби и апартмани во хотелот ви нудат сè во поглед на удобноста. Може да се одлучите за соба со поглед кон градина, залив или пак езеро, а заедно со нив следи и технологија која што е неопходна за еден најмодерен престој. Околните планини даваат максимална приватност и промена на пејзажот за опуштен одмор.


Меѓу 187 соби во хотелот спаѓаат претседателски апартман, два пентхауса и три апартмани со една спална соба, доколку сакате да се определите за најдоброто. Секоја соба или апартман има свој приватен балкон за да не ја пропуштите убавината на пејзажите.

Овој хотел е еден од најлуксузните во земјата. Третманите во спа центрите се меѓу најдобрите и најефикасните во поглед на квалитетот, чистотијата и интеграцијата на древните техники од целиот свет. Хотелот исто така многу пати е наградуван, спа центарот има отворен и затворен базен, теретани и термални апартмани.

Кога животниот стил и стресовите на вашиот секојдневен живот ќе ви станат преинтензивни, поклонете си себеси неколку моменти за ошуштање во еден од најпознатите хотели во Ирска среде најубавите пејзажи на северна Европа. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг