[ФОТО] Островот каде што живеат најголемите гуштери во светот: Тежат и до 135 килограми

Точка

12/04/2025

16:34

1.746

Големина на фонт

а а а

Во Националниот парк Комодо, кој се наоѓа во Индонезија, посебно внимание привлекуваат неговите најпознати „жители“ – огромните гуштери кои поради застрашувачкиот изглед и сила често ги нарекуваат островски змејови, а познати се и како Комодо змејови.

Оние кои го посетиле ќе се согласат дека Националниот парк Комодо е еден од најубавите во светот. Ова чудо на природата се наоѓа во централниот дел на индонезискиот архипелаг, кој има повеќе од 17 илјади острови, пишува punkufer.hr.




Националниот парк се протега помеѓу островите Сумбава и Флорес и се состои од три големи острови (Ринча, Комодо и Падар) и бројни острови со вулканско потекло. Од тревни-шумски савани до тропски листопадни (монсунски) шуми, сува вегетација, песочни плажи и подземни корали, овој регион е исполнет со разновидност.

Гуштери од три метри

Почесните жители на паркот се џиновските комодо гуштери (Varanus komodoensis), кои никаде на друго место не можат да најдат. Поради нивното агресивно однесување, гуштерите Комодо често ги нарекуваат „змејови“, а особено го привлекле вниманието на научниците кои ја истражуваат нивната еволуција. Најголемите гуштери на планетата растат до три метри во должина и тежат околу 135 килограми.



Иако се заштитени, многу луѓе ги посакуваат како домашни миленици, што дополнително го загрозува нивниот број. На црниот пазар шверцерите ги продаваат по цена од околу 35.000 евра. Поради честите кражби и изумирањето на овој вид, индонезиските власти разгледуваат начини да ги зачуваат змејовите, вклучително и забрана за доаѓање на туристи.


Рај под површината

Покрај гуштери, во паркот живеат и ендемски стаорци, а силните морски струи привлекуваат морски желки, китови и делфини. Разновидниот морски свет и разнобојните корали привлекуваат и нуркачи, кои на некои места мораат да бидат особено внимателни поради силните морски струи. Бату Болонг е една од најпознатите дестинации за нуркање, која се споредува со експлозија на бои, форми и риби.





Во националниот парк, восхит предизвикува и „Pantai Merah“ – плажата обоена во розова боја од микроскопски суштества наречени фораминифери, како и други заливи каде што можете да почувствувате вистински мир и поврзаност со природата.