Петок 13-ти 2020-та година: Може ли да биде полошо?

Точка

13/11/2020

14:22

2.387

Големина на фонт

а а а

Во годината во која многу денови беа злонамерни како петок 13-ти, сега дојде и тој несреќен ден - втор по ред оваа година.

Стравот од бројот 13 вознемирува многу луѓе, а 2020-та година понуди низа знаци (на пример Сината месечина на Ноќта на вештерките со Меркур во ретроградна форма) што придонесоа само да мислиме дека ова е година во која (не)може да биде полошо.

Како и повеќето суеверија, вклучително избегнување црни мачки и огледала, корените на трискаидекафобијата - страв од бројот 13 имаат 'седиментни елементи', вели професорот по психијатрија Ентони Тоби од Медицинскиот факултет „Рутгерс Роберт Вуд Џонсон“.

Според нордиската митологија, богот Локи стигнал како 13-ти гостин на вечера на која подоцна починал, вели тој.


„Тоа е митологија, но тогаш оваа митологија беше религија, барем она што се нарекуваше религија“, рекол д-р Тоби.

„Кога размислуваме за суеверијата, тие се само форма на однесување“.

Студија на Американската асоцијација за психологија минатиот месец покажала дека САД биле „длабоко погодени“ од пандемијата Ковид-19, а менталниот стрес што следел може да „донесе сериозни здравствени и социјални последици“ во годините што доаѓаат.

Оваа година доведе до многу опипливи причини за претпазливост и замор, вклучувајќи огромни загуби на работни места, протести низ целата земја, рекордни шумски пожари и разни тропски бури.

Студиите за однесување покажале дека милиони луѓе под влијание на страв од петок 13-ти често можат да променат своја нормална или дневна рутина. Некои суеверија или избегнувања вклучуваат:

- патување со авион
- престој на 13-ти спрат во хотел
- шишање (наводно резултира со смрт на член од семејството)
- кршење на огледало (после тоа наводно следи седум години несреќа)
- 13 лица на трпеза (некои ставаат кадифена играчка за да има '14-ти гостин') 


Студијата направена во септември, 2019-та година покажува дека повеќето Американци рекле дека 'не се баш суеверни' или 'воопшто не се суеверни' - со мал процент (помалку од 10 отсто) кои признаваат дека се 'многу суеверни'.

Петок 13-ти трипати во една година?

Во секоја календарска година постои најмалку еден петок 13-ти, но може да се случи и да има 3 во една година.

Датумот се појавува во текот на секој месец кој почнува во недела.

Кога годината почнува во четврток, петок 13-ти паѓа во февруари, март и ноември. Во престапните години кои почнуваат во недела, петок-13 се паѓа во јануари, април и јули.

Последен пат имавме два петоци 13-ти, во 2013-та, 2017-та, 2018-та и 2019-та година, а три вакви петоци се случија во 2012-та и 2015-та година.

Следен пат ќе имаме двапати петок 13-ти и тоа во 2023-та, 2024-та и 2029-та година, а три дури во 2026-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг