Холивудски актер и негова помлада колешка снимиле видео преполно со секс сцени

Точка

27/10/2020

14:17

6.147

Големина на фонт

а а а

Видеото трае девет минути и ги опишува убавите и неубавите моменти во една љубовна врска, а содржи и секс сцени.

Двајцата млади холивудски актери, Шаја Лабаф и Маргарет Квалеј снимиле заедно видео спот за песната „Love Me Like You Hate Me“ во изведба на нејзината сестра Рејни Квалеј (30).

Видеото трае девет минути и ги опишува убавите и лошите моменти во една љубовна врска, а содржи и секс сцени кои се распоредени во 9-минутното видео. Зад кореографијата за музичкиот спот се потпишува „JA Collective“, а видеото го прикажува љубовниот однос од две различни перспективи истовремено.

Love Me Like You Hate Me (2020) from LaBeouf, Rönkkö & Turner on Vimeo.

Маргарет Квалеј (26), која глуми во „Си беше еднаш во Холивуд“, и Рејни, се ќерки на познатата холивудска актерка Енди Мекдауел.

Рејни на Инстаграм напишала дека видеото е проткаено со љубов, болка, нежност, лутина и вистински делови од нејзиното срце. Видеото го пофалила и нејзината мајка Енди.

„Честитки за сите кои учевствувале. Неверојатно“, напишала на Инстаграм.

Шаја Лабаф е талентиран 34-годишен актер кој кариерата ја започнал во тинејџерските години, а се прославил со улогите во филмовите „Disturbia“ и „Transformers“.

Пред три години е уапсен поради недолично однесување кон полицијата. Ѝ пришол на локалната полиција и побарал цигара, а кога не добил почнал да ги псуе и да користи вулгарен речник. На крајот станал и агресивен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг