Роналдо е гладен за нови успеси: Ајде да освоиме уште едно Скудето

Дерби

02/08/2020

17:23

1.424

Големина на фонт

а а а

Јувентус го доби трофејот за освоеното ново Скудето во Серија А, трофеј кој беше број два за Кристијано Роналдо во најсилниот италијански шампионат.

Португалецот го искористи овој момент за прослава за да испрати порака преку социјалните мрежи каде јасно истакна дека е гладен за успех и очекува наредната сезона како екипа одново да ја нападнат титулата, односно ја продолжат победничката низа (10 пехар). 

-Среќен сум што ги освоив последните две од деветте титули во низа на Јувентус во Серија А. Се чини лесно, ама не е! Година по година со талент, посветеност и напорна работа можете да ги постигнете своите цели и да бидете подобри од порано! Ајде да ја освоиме мојата трета титула, -порача Кристијано на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг