Сите сме слушнале за Бермудскиот триаголник, но во Тихи океан постои негов пандан - ''Змејски триаголник''

Точка

21/07/2020

18:17

4.575

Големина на фонт

а а а

Лежи точно спроти Бермудскиот триаголник, па се смета за неговиот тихоокеански пандан.

Постојат приказни дека голем број монголски лидери се обиделе да ја нападнат Јапонија уште во 13-от век, но токму тие во ''змејскиот триаголник'' изгубиле околу 40.000 луѓе.

''Ѓаволското море'' (јапонско Ма-но Уми), попознато и по името ''Змејски триаголник'', е подрачје во Тихи океан околу крајбрежјето и островот Огасавара кој што вклучува и дел од Филипинското море.

Лежи точно спроти Бермудскиот триаголник, па се смета за неговиот тихоокеански пандан.

И во тоа подрачје забележани се активности кои што тешко можат да се објаснат.

Пред неколку илјади години Кинезите верувале дека во тоа море живее монументален змеј кој што ги влече бродовите кон дното за да го нахрани својот глад.

Не е ни чудно тоа што исчезнатите бродови во ''Ѓаволското море'' денес можат да му се препишат на тоа митско суштество.

Во текот на 19-от век многу морепловци пријавиле ненадејно исчезнување на бродовите во таа област.

Сепак, најпознатата приказна датира од 1952-та година, кога во месец септември исчезнал истражувачкиот брод „Kaio Maru“ бр. 5, со целата посада од 31 лице.

Истражувачите ја испитувале активноста на подводниот вулкан, но никогаш не се вратиле дома.

Според сведочењата од 1989-та година во книгата „The Dragon’s Triangle“, јапонската војска од 1952-та година до 1954-та година на ова подрачје изгубила пет бродови со околу 700 луѓе, поради што Јапонското министерство за поморство и риболов, местото го прогласило за опасно.

Што се случило со исчезнатите луѓе и бродови, никогаш целосно не било разрешено, исто како и со случаите од Бермудскиот триаголник.

Науката тврди дека не станува збор за паранормална активност, туку за постоење на заробени количини на опасни гасови на морското дно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг